Просечната бруто плата по работник во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во јануари 2021 година изнесува 41.141 денари.
Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2021 година.
- Најниската основица за пресметка на придонесите за 2021 година изнесува 20.571,00 денари (50% од 41.141)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2021 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 658.256,00 денари (16 x 41.141)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за самовработено лице изнесува 493.692,00 денари (12 x 41.141)
Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) која го содржи новиот параметар.
Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2021 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.