Помош со исплата на минимална плата ќе има – но не за сите.
Владата ќе одреди кои сектори биле најпогодени од пандемијата и нив ќе им додели државна помош, брифираат владини извори за Сител. На тој начин ќе се спречи злоупотребата со државни пари и ќе ја добијат само тие што навистина им треба. Веќе се крои петти сет мерки, кој на стопанствениците и синдикатот ќе им биде соопштен во петок.
Од кабинетот на вицепремиерот Битиќи и министерот за економија Бектеши велат дека и со новиот пакет ќе се залагаат за спас на секое работно место и помош на најпогодените граѓани. Но нема да изостануваат и мерките за заздравување и раст на домашната економија.
Во моментов има пристигнато повеќе од 50тина предлози од сите засегнати страни во стопанството и граѓаните, за истите ги проектираме ефектите и опфатноста и нивната оправданост во моменталната ситуација, се наведува во писмената реакција.
Бизнисот и експертите побараа – државаната помош да продолжи, се додека економијата не заздрави. Во моментов, според нив, сме далеку од фаза на закрепнување.
Владата најави дека петтиот сет ќе изнесува 50 милиони евра. Со првата мерка, вредна 7 милиони евра се укинуваат увозните давачки за извозните компании од февруари. Но, помош е најавена и за туризмот, угостителите, фирмите кои инвестираат во нова технологија , а се обезбедуваат пари и за поволни кредити.
Извор: Сител