Според зборовите на светскиот милијардер, тие се наука, економија и инженерство.
Луѓето од областа на економијата, науката и инженерството ќе бидат најбарани во овој момент, смета бизнис магнатот, развивач на софтвер и филантроп Бил Гејтс.
Гејтс, најпознат како коосновач на корпорацијата „Мајкрософт“, вели дека дошол до овој заклучок врз основа на податоците што ги собрал во разни потфати, пренесува CNBC.
Луѓето кои ги знаат трите споменати теми погоре, ќе бидат „агенти на промените за сите институции“, истакна Американецот во разговор со главниот уредник на LinkedIn, Даниел Рот.
- Мислам на основно знаење од областа на науката, математичките вештини, економијата. Многу кариери во иднина ќе ги бараат тие работи - рече Гејтс.
Коосновачот на „Мајкрософт“ рече дека не треба да се биде експерт за кодирање или периодичен систем, туку треба да се има таа напредна способност за размислување.
Не мора да пишувате кодови, но мора да разберете што можат и што не можат да прават инженерите, смета Гејтс и додава дека тие веројатно ќе ја револуционизираат секоја индустрија.