Сименс Енерџи, кој го снабдува енергетскиот сектор со турбини, ќе укине 7.800 работни места за да се спротивстави на падот на побарувачката за нови термоцентрали, што исто така ги погоди нивните ривали, Џенерал Електрик и Мицубиши.
Раководството, како што се наведува, ги информирало претставниците на работниците за деталите за претходно најавените планови за намалување на трошоците за најмалку 300 милиони евра во сегментот електрична енергија. Тие планираат да постигнат дел од тоа намалување со отпуштање на 7.800 работници ширум светот, а најмногу - три четвртини во управата, администрацијата и продажбата.
Сименс Енерџи минатата година објави дека повеќе нема да учествува на тендери за набавка на турбини за термоелектрани, реагирајќи на ослабениот пазар, бидејќи многу влади ширум светот го укинуваат загадувачкото гориво.
Бројот на вработени кои ќе бидат отпуштени претставува 8,5 проценти од вкупната работна сила на компанијата. Отпуштањата ќе бидат спроведени до крајот на 2023 година.
„Пазарот на енергија значително се менува, што ни нуди можности, но истовремено ни претставува големи предизвици“, рече извршниот директор Кристијан Браш. Тој додаде дека компанијата ќе ги преземе овие мерки на социјално најодговорен можен начин.
Според него, компанијата сака „да ја врати конкурентноста и финансиската моќ“ преку програма што вклучува намалување на бројот на вработени.