Размислувате да инвестирате дел од своите заштеди, но немате доволно познавања од финансискиот пазар? Од Мои финансии ни споделуваат корисни совети кои ќе ве воведат во основите на инвестирањето
Се повеќе луѓе сакаат да инвестираат, но не знаат од каде да започнат. Овој текст е идеален за секој почетник кој сака да научи нешто повеќе за инвестирање на своите пари.
Што се акции?
Кога купувате акции на компанија, вие се стекнувате со сопственичко право брз идеален дел од компанијата, пропорционално на големината на учеството на таа акција во вкупниот акционерски капитал.
Зошто треба да поседувате акции?
Просечниот годишен раст на акциите е 10% односно помеѓу 7% и 8% по прилагодувањето на инфлацијата. Тоа значи дека 1.000 евра вложени во акции пред 30 години денес би вределе над 8.000 евра. Сите оние кои сакаат да инвестираат во компанијата, можат да купат акции на берзата и да ги чуваат се додека нивната цена не се зголеми и на тој начин да остварат профит.
Информирајте се пред да инвестирате
Не инвестирајте во компанија во чија иднина не верувате. Што значи тоа?!
Да речеме дека сте се одлучиле да вложите 3.000 денари во некоја компанија. По одреден период цената на акциите почнува да паѓа и вашите 3.000 денари сега вредат 2.500 денари. Во паника ги продавате акциите но веќе утредента нивната цена повторно расте и сега тие чинат 3.200 денари. На овој начин не само што нема да успеете да заработите пари туку може да изгубите голем дел од инвестирате пари. Бидете подготвени вредноста на акциите да варира и запомнете дека инвестирате долгорочно.
Кога е вистинското време да започнете со инвестирање?
Одговорот е многу едноставен – што е можно поскоро, претпоставувајќи дека:
- Сите долгови со висока каматна стапка ви се исплатени
- Имате заштеда за сите трошоци во период од 3 до 6 месеци, во случај да останете без работа
Како да купувате акции?
Тоа можете да го направите преку платформи за инвестирање што се безбедни и лесни за употреба. Таква платформа преку која можете да инвестирате од Македонија е Trading 212.
Во моментот кога статијата е објавена, повеќето вакви платформи не примаат нови корисници поради поголемиот број на барања за регистрирање во изминатиот период. Се очекува проблемот да биде решен за 1 недела а во меѓувреме на интернет можете да прочитате мислења и искуства на луѓе што ја користат платформата.
Целосниот процес на креирање акаунт и купување акции на оваа платформа можете да го најдете на Youtube каналот на Trade 212, објаснетo чекор по чекор.
За повеќе корисни финансиски совети, следете го профилот Moи Финансии