Врз основа на Оперативниот план за активнипрограми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, усвоен од Владата на Република Македонија, за активната мерка - Обука за стекнување на вештини од областа на банкарството, финансирана со кредит од Светска Банка, Агенцијата за вработување на Република Македонија, на ден 02.04.2018 година објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
Сите невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување на РМ кои имаат завршено најмалку средно образование и се заинтересирани да се здобијат со знаење од областа на банкарство како и можност да се стекнат со сертификат, може да поднесат Пријава во Центарите за вработување.
За кандидатите кои ќе поднесат пријава за учество ќе биде спроведено пред-тестирање од страна на спроведувачот на обуки. По спроведеното тестирање ќе биде изработена ранг-листа според резултатите добиени од пред-тестирањето. Право на учество ќе имаат најдобро рангираните кандидати од квалификациониот испит. Доколку има поголем број на кандидати предност при изборот ќе имаат кандидатите кои први поднеле Пријава.
Невработените лица ќе имаат можност да поднесат Пријава за учество во обуката се до целосно пополнување на предвидениот број на кандидати согласно оваа мерка. Со обуките предвидено е да се опфатат 100 лица.
Обуките ќе бидат спроведени на локации каде што спроведувачот на обуки има верификувано институција за реализација на посебните програми. Истите ќе се спроведат согласно начинот и динамиката за изведување на обуките предложени од спроведувачот на обука. Учесниците во обуката кои ќе посетат најмалку 70% од предвидените часови ќе се стекнат со уверение за посетеност на обуката и ќе можат да полагаат испит за стекнување на сертификат.
Сите избрани кандидати ќе склучат договор со центарот за вработување во кој подетално ќе бидат уредени меѓусебните права и обврски.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111-850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Македонија (www.avrm.gov.mk) и Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (www.mtsp.gov.mk).
Повикот важи до 15.08.2018 година.
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА