На почетокот од оваа година направивме анкета во која прашавме Дали во 2021 планирате промена на работното место?
Дури 59% од испитаниците се изјасниле дека не се задоволни од сегашното работно место, односно од компанијата во која работата и истата би ја промениле. Најчеста причина за овој став се ниските плати, мобингот, не постапувањето според ЗРО од страна на работодавачите, лошиот менаџмент.
Охрабрувачки се оние 18% од испитаниците кои одговориле дека би ја напуштиле работата за да основаат сопствен бизнис.
8% би останале во истата компанија, но би ја промениле работната позиција.
Само 9% се изјасниле дека не сакаат да го променат работното место, дел од нив поради страв од актуелната криза предизвикана од пандемијата.
Запаметете, на работа поминувате една третина од вашето време. Ако сте несреќни, значи дека ќе бидете несреќни во третина од својот ден, а тоа е недозволиво.
Меѓутоа, пред дефинитивно да одлучите да ја промените работата, направете анализа и откријте што е тоа што ве фрустрира и дали може да се промени. Разговарајте со претпоставениот или со претставник од човечки ресурси и јасно кажете што е тоа што ви пречи. Непромислено менување на работните места може неповолно да се одрази на вашата работна репутација.
Пред да направите било каков чекор во овој правец дајте се од себе да ја поправите состојбата и дури потоа да донесете дефинитивна одлука.
Откако мобингот повеќе пати беше наведен како причина поради која испитаниците би ја промениле компанијата во која работат, направивме нова анкета на тема Дали некогаш сте доживеале мобинг на работното место? Ги очекуваме вашите одговори.