Недостатокот на квалитетен кадар е проблем со кој последниве години се соочуваат македонските компании. Причини има повеќе, од одлив на кадри во странство, до недоволна стручна подготовка, па се до недоверба да се аплицира на дадединиот оглас заради не доволно информации
Но ние, тимот на Вработување.ком, најпосетуванот огласувач за работни места во Македонија, сметаме дека постои уште една причина која доколку се отстрани со сигурност ќе донесе поголем број на апликации и размрдување на квалитетниот кадар.
За оваа проблематика разговараме со Каролина Апостоловска, дел од Маркетинг тимот на Вработување.ком
Освен неколкуте Бренд компании чие лого е доволно за да посакате да аплицирате кај нив кога имаат отворено работно место, останатите компании постојано се соочуваат со недостаток на квалитетни апликанти и наоѓање на квалитетен кадар. Зошто е тоа така?
- Точно. Огласот повеќе не е доволен, тоа што постоите долги години на пазарот или имате топ производи, не ве прави посакуван работодавач.
Големиот избор на огласи и отворени работни места се повеќе бараат да се издвоите од толпата, но и да ги надминете сите предрасуди, митови или гласини кои постојат за вашата компанија - вели Апостоловска.
Неодамнешното наше истражување покажа дека негативната слика за една компанија произлегува токму од вработените - и тоа актуелните. Што значи дека не е само да се вработи еден човек и да му се даде плата, туку важна е и „грижата“ за истиот.
Денес, (ако ја изземеме платата) повеќе од било кога луѓето си одат заради: дрскиот однос од страна на претпоставениот, колеги кои не се лојални или не можност за напредување.
Ако имаш супер посакуван производ, не значи дека ќе бидеш и супер посакуван работодавач!
- Големиот број на компании сметаат дека ако имаат топ производ тоа ќе ги направи и добри работодавачи, што воопшто не е точно - додава Апостоловска.
- Начинот на кој им се обраќате на потрошувачите, е различнен од начинот и содржината со која треба да им се обраќате на потенцијалните ваши вработени.
И да, можеби ќе ги привлече вашиот производ и вашата традиција, но она што ќе ги задржи е токму вашиот корпоративен однос кон нив.
Затоа потребно е да се зборува за корпоративна култура, за тоа како вработените се ценат, наградуваат или поттикнуваат на напредок. Потребно е компанијата да се грижи за себе, да прави брендирање и позиционирање на пазарот, исто како што тоа го прави и за своите производи.
Затоа што е важно на која „полица“ стои производот, зарем не? Во чие друштво е и која му е клиентелата.
Компаниите треба да станат свесни дека со поставувањето оглас за отворено работно место, всушност тие го продаваат тоа работно место.
Основните карактеристики се тука, тука му е и цената т.е платата, но како ќе се издвои од останатите со иста цена?
-Неопходен е PR со содржини, со фотографии со сведоштва со убава енергија...
Така компаниите оддаваат впечаток на сериозна организација, тим од луѓе кои си стојат на зборот и компанија вредна за да се аплицира во неа - посочува Каролина Апостоловска.
- Не е ни чудо што вистинските луѓе се плашат да аплицираат, а компаниите добиваат CV-a кои воопшто не се за нивната индустрија, на пример.
Брендирањето покрива и уште еден значаен аспект: Да се привлечат добрите веќе вработени кадри да го сменат работното место, односно да се префрлат во друга компанија...
На пример, имате човек кој сака да го промени сегашното работно место, ама во вашиот оглас ги има само условите и потребните квалификации. Платата е иста. Огласот не поседува додадена вредност, односно нешто повеќе што кандидатот би го дознал за компанијата... Па која е причината за да аплицира кај вас?
Со брендирањето се олеснува потрагата по вистинските луѓе, се убрзува постапката и се зголемува довербата - заклучува Апостоловска
Како да се направи брендирањето?
- Кој е начинот и како да постапиме? Е она што не прашуваат прво, вели Апостоловска.
- Јас ќе кажам дека ние како Вработување.ком знаеме и каде и како и колку. Да не изгледа како фалење, да не биде претенциозно, но и најважно да не се создава лажна слика за компанијата.
Со тоа што постоиме 18 години на пазарот, со тоа што сме сведоци на промените, растењето, па и пропаѓањето на компании, си даваме за право да кажеме дека ги знаеме очекувањата и желбите на потенцијалните работобаратели и на компаниите.
Со тоа што имаме капацитети да ја мериме перцепцијата на работобарателите, имаме публика, односно голема база на работобаратели кои очекуваат дека тука на Вработување.ком ќе прочитаат се што ги интересира за одредена компанија огласувач, сметаме дека како Вработување.ком сме вистински избор за Employer Branding на компании од било кои индустрии.
- И за крај само ќе додадам дека ги стимулираме и ги поттикнуваме компаниите да бидат иновативни и креативни во спроведувањето на своите кампањи, а ние како Најпосетуван сајт за вработување во Македонија ја доделуваме и наградата „Најдобра Employer Branding кампања“.