Бренд и колку е важно името на брендот
Брендот вусшност претставува еден вид на перцепција и секој не доживува на различен начин.
Но, она што е битно за нас е всушност како името на нашио бренд ќе го направиме звучно, кое што ќе е безвременско и многу лесно ќе се памти. Сигурно се прашувате, Како да направите безвременско и временско неутрално име на бренд? Како да направите дескриптивно и сугестивно или метафоричко име, кое што нема да делува дека е закотвено во минатото, а ќе е доста препознатливо во сегашноста и ќе биде прилагодено и за иднината.
За пример имаме многу случаи каде што голем дел од познатите и успешни брендови користат имиња од минатото, како што е името на брендот Пандора, кое што потекнува од грчката митологија. Името на брендот Најк (Nike) исто така потекнува од грчката митологија и означува име на божица.
Но, доколку зборуваме за технолошките полиња, името на брендот и продуктот се избираат на тој начин што се користат различни префикси и суфикси кои што се користат денес, но можеби ќе се користат и во иднина.
Пример: Суфикс “Fy” кој го користи Spotify и други веб платформи. Тука станува збор да име кое што е звучно и лесно се памети. Но, исто така премногу се застапени и префиксите “I” и “E” кои се поврзани со многу области кои што ги сретнуваме на инернет и во е-трговијата.
Но, ако сте веќе решени името на вашиот бренд да е поврзано со далечното минато, како што е митологијата на Антички Рим или Грција, тука сигурно ќе се сретнете со безвременски имиња. Односно, имиња кои што се користеле во минатото, но исто така се користат и денес. Тие имиња ќе бидат релевантни се додека нивнинте историски асоцијации станат комплетно ирелевантни.
Доколку се одлучите да одбрете некој префикс од денешницата вие се изложувате на ризик дека можеби ќе бидете старомодни за 10 години. Токму поради тоа од особена важност е името на брендот, да бидете автентични и денес, но и за 10 години од денес. Може да бидете едноставни, но лесно препознатливи.