Јапонски суперкомпјутер откри дека носењето две маски ја зголемува ефикасноста на заштитата за четири проценти повеќе
Истражувачите го користеле супер компјутерот Фугаку за да утврдат проток на честички од Ковид19 вирусот при носење на различни видови маски. Резултатите од истражувањето беа објавени од Институтот за истражување Рикен и Универзитетот Коби.
Откриено е дека ефективноста на хируршките заштитни маски е 85 проценти. Носењето полиуретанска маска над хируршка маска ја зголемува ефикасноста за само четири проценти.
Наведено е дека не е многу корисно да се носат две хируршки маски. „Носењето две маски, една над друга, едноставно не е корисно“, вели водачот на истражувачкиот тим Макото Цубокора.
Студијата заклучи дека маските N95 се најдобра заштита од вирусна инфекција, а малку помалку ефикасни се хируршките маски, платнени маски и полиуретански маски.
Суперкомпјутерот Фугаку претходно беше користен и за анализа на тоа како влагата влијае на инфективноста на вирусот и ризикот од инфекција во возовите, работните места и на други места.