ТикТок е социјална мрежа која работи на принципот на снимање на кратки видео клипови. Се со цел да се пренесат различни пораки. Поради различен алгоритам и можност за огромен опфат на корисници кои што во моментов имаат над 800 милиони членови на оваа платформа, се повеќе и повеќе брендови започнуваат да се рекламираат на ТикТок.
Многу социјални мрежи нудат можности за платена содржина и рекламирање на нивните платформи, па затоа од спонзорирани објави на Фејсбук, преку стории на Инстаграм, доаѓаме до најмладата социјална мрежа ТикТок.
Тик Ток започна како платформа за прикажување кратки, најчесто смешни видеа, на таквиот начин стана најновата форма на социјално вмрежување. Појавата на TikTok претставува можност за рекламирање на малите брендови, кои што по користењето на Тик Ток многу од таквите бизниси гледаат изненадувачки резултати откако се застапени на оваа платформа.
За разлика од Инстаграм и Фејсбук, чии алгоритми функционираат на принципот „колку пари, толку музика“, т.е. во зависност од тоа колку пари давате за рекламирање, колку ќе достигнете, ТикТок работи поинаку.
Иако сè уште не е 100% јасно како работи алгоритмот ТикТок, како заклучок заснован на претходните искуства, се чини дека овде е полесно да се стане вирусен отколку на другите платформи за социјални медиуми.
Ова може да биде поврзано со начинот на кој работи рекламирањето - на корисниците им се прикажуваат реклами на ист начин како и другите содржини, а може да биде поврзано и со должината на самите видеа. TikTok обично ви прикажува видеа засновани на други што ви се допаѓаат или многу популарни видеа.
Рекламирање на мал бизнис
Магазинот „Форбс“ објавува дека бројот на компании кои што користат видео како алатка за маркетинг се зголемил од 61% во 2016 година на 85% во 2020 година, а 66% од корисниците кои се рекламирале на „ТикТок“ се прогласиле за успешни.
Покрај можноста за интеракција со потрошувачите, ТикТок е форум каде Малите бизниси можат да градат односи и да соработуваат со истомисленици, користејќи хаштагови како #smallbusinesscheck (2,8 милијарди прегледи) и #smallbusinessowner (875 милиони прегледи), споделувајќи успешни приказни и заемна поддршка.Сè поголем број компании ја избираат оваа социјална мрежа за да ги рекламираат своите производи и услуги.
Магазинот MarTechSeries посочува дека е парадоксално што бројот на инвестиции на малите компании во рекламирање во 2020 година (во услови на пандемија) се зголеми за 38%, а растот се предвидува и во 2021 година.
Благодарение на алгоритмот TikTok, малите бизниси имаат можност да го слушнат својот глас, но представува и предизвик за да се издвоите од толпата со ограничени буџети, додека се натпреварувате со големите брендови.