Експертите сметаат дека ова прва криза во светот во којашто кармините за усни се купуваат во значително помал обем. Се верува дека кармините за усни од секогаш важеле за антикризно средство, односно колку периодот бил економски потежок, толку и растела продажбата на кармини.
Таканаречениот “кармин индекс“ е израз на Леонард Лаудер од компанијата Estee Lauder, за да се опише зголемената продажба на козметика и шминки во текот на рецесијата на почетокот на 21-от век. Заклучокот бил дека жените повеќе купувале кармини, бидејќи не можеле да си дозволат скапи предмети како што се фустани и чевли.
Сепак, пандемијата носи нови навики, а поради носењето на заштитни маски, жените повеќе купуваат шминка за очи и лакови за нокти одошто за кармини.
Статистиката покажува дека продажбата на кармини, сјаеви и моливчиња за усни, кои порано се продавале без никаков проблем, сега има значителен пад во текот на пандемијата. Од друга страна, шминката за очи станува повеќе бара и попопуларна. Падот на продажбата на кармини е за околу 12% на годишно ниво, а кога се работи за козметички препарати за нега и разубавување на усните има намалување од 15%.
Забележан е пораст на продажба на производи и препарати за коса и тоа за 172%, особено затоа што фризерските салони беа затворени поради пандемијата, па негата се префрли во домашни услови.