
Денес ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе има повремен снег, а во југоисточните делови дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Повремено ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени
Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој локално ќе достигнува брзина над 60км/ч. Од четврток ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури, додека утринските до крајот на работната недела насекаде ќе бидат под нула.