Ако некогаш сте се запрашале што сè треба да се случи и низ какви фази треба да помине едено зрно кафе за да стигне до топол напиток , на следното видео е прикажан целосниот пат кој што сигурно би бил интересен за сите љубители на кафето.
Познато е дека кафето потекнува од истоимената билка, но сепак се поставува прашањето дали кафето би го препознале во природата?
Верувале или не растението може да порасне до 9 метри во висина, а исто така е прекриено со листови кои што растат во парови.
Природниот циклус на растење и развивање на кафето изгледа како вистински пејсаж, почнувајќи од бели, зелени па се до црвени цветови. Црвените цветови се всушност оние кои што се зрели.Она што ние го знаеме за кафето е припремата за во шоља која што уживаме да конзумираме додека сме со пријателите. Но, она кое што не смееме да го заборавиме е патот кој што го поминува кафето за да стигне до нашиот дом. Обично патот на кафето започнува во Колумбија, но сега се одгледува и во други земји како што се Јужна Америка, Африка и Азија.
Откако ќе се соберат плодовите, тие поминуваат низ машинска обработка и сортирање. Зрната кафе треба да се исушат уште три недели пред повторно да се почнат со машинска обработка, за на крајот финалната фаза - луѓето да го проценат нивниот квалитет и да им дадат оценка.
Следниот превоз е од таму до местото на дистрибуција и патот до сите делови на светот каде се консумира кафето. Ако мислите дека процесот е едноставен, се лажете. Тука е вложено премногу труд за да стигне до вашиот дом.
Очигледно е дека станува збор за многу захтевна индустија, па следниот пат кога ќе пиете кафе, запомнете што се истото поминува за вие да уживате во пијалокот.