По утрешното пристигнување на пратката од 24.000 дози вакцини на АстраЗенека преку Ковакс механизмот, масовната вакцинација во Македонија ќе започне во среда. Министерот за здравство, Венко Филипче во неговото гостување во вестите на ТВ Сител соопшти дека се подготвуваат сите вакцинални пунктови, како и Спортскиот центар „Борис Трајковски, каде дневно би се вакцинирале повеќе илјади граѓани.
– Спремни сме тој процес да се спроведе брзо и ефикасно во салата „Борис Трајковски“. Во понеделник вакцините ќе бидат распределени во градовите. Сето она што очекувавме да се случи порано еве се случи во април. Оптимумот е да вакцинираме 4.000, а мислим дека може да стигнеме до 7.000 граѓани на ден, на сите пунктови, во центрите за јавно здравје, во салата „Борис Трајковски“, слично како во Србија и Израел за да постигнеме задоволителна динамика, истакна министерот Филипче.
Целиот текст ОВДЕ