
Мексикански експерти создадоа заштитна маска само за нос
Со оглед на тоа дека светот се подготвува и за третиот бран на пандемијата на корона вирусот и сакaде има пораст на бројот на новозаболени, многу земји или размислуваат или веќе воведуваат нови, построги мерки на карантин и смислуваат нови начини како луѓето што подобро да се заштитат од корона вирусот.
Некои од тие решенија се навистина бизарни, како што е заштитната маска што ја направија мексикански експерти. Имено, во Мексико експертите направија мини заштитна маска, но само за нос. Целта на маската е да овозможи заштита и тој то ја носи истовремено да може да јаде. Но, тоа не е се. Маската е дизајнирана да се носи под обичните маски за подобра заштита.
Од видеото во прилог можете да видите како изгледа маската и како се користи.