Пандемијата со Корона вирусот е најголема причина за огромните загуби во туризмот, се тоа се белжи со – намалени аранжмани за патувања, проблем со авио компаниите, затворање на хотелите, авиокомпании, па дури и туристички агенции.
Што се однесува до луѓето, тие па тешко се одлучуваат да патуваат за време на ваквите услови кои што ни се наложени од Covid-19.
Според податоците од Светската Здравствена Организација, меѓународните пристигнувања на туристи се намалени за 72% во периодот од јануари до октомври 2020 година во споредба со минатата година каде што се забележани истиот период 900 милиони пристигнувања.
Намалениот број на меѓународни патувања, доведе до загуба на меѓународниот туризам од 935 милјарди долари. Што представува 10 пати повеќе од падот во 2009 година кој што беше предизвикан од економската криза.
Со оглед на податоците кои покажуваат колкаво влијание има пандемијата врз патувањата во 2020 година, се поставува прашањето дали ситуацијата ќе се промени во 2021 година со оглед на тоа што веќе вакцинизацијата е започната.
Авиокомпаниите ги намалуваат таксите ( даноците), но и бројот на линии
Компаниите како “American Airlines” и “Delta”, бидејќи сакаат да добијат поголем број на патници, престанаа да наплатуваат огромни такси кои што обично чинат околу 200 американски долари за промена или откажување на домашни или меѓународни летови.
Сепак, намалувањата кои што започнаа на почетокот на пандемијата и во текот на оваа година продолжуваат.
Компаниите како “Qatar Airways” и “Lufthansa” го намалија бројот на летови, како и бројот на вработени. Но, исто така изјавија и дека ќе “пензионираат “ неколку авиони бидејќи се неефикасни и непрофитабилни.
Неопходни се Covid-19 тестовите
Во моментов, повеќе од 100 земји низ целиот свет бараат негативен тест за влез во земјата, но сепак тоа зависи од секоја земја поедничено, бидејќи различни земји и авиокомпании не се приджуваат до истите протоколи.
Затоа оваа постапка се обидува да ја стандаризира целата индустрија, отврајќи го патот за меѓународни патувања.
COVID пасоши
Меѓународната компанија за воздушен транспорт (IATA), започнала со развивање на апликација – IATA Travel Pass која што ќе им овозможи на патниците да ги зачувуваат заверените резултати од тестовите или вакцините на нивните мобилни телефони.
Европската комсија представи “ зелен сертификат” кој што ќе важи во сите земји кои што се членки на ЕУ од средината на јули. Граѓаните во својот “сертификат” би внесувале податоци како што се вакцинација, корона тестови, тест не постар од 20 дена, што ќе сугерира дека дека имаат антитела или нов негативен текст како доказ дека лицата во моментот не се заразени.
Истражи ја својата земја
Доколку земеме во предвид дека процедурите кога станува збор за Корона вирусот, се разликуваат од земја до земја, а електронските сертификати во форма на пасоши не се регулирани, ниту па стандаризирани, многу е веројатно и оваа година нашиот одмор да го истераме во границите на нашата држава.
Во текот на изминатата година, сите уживавме и ги откривавме природните убавини на нашата земја. Па така да, ништо чудно доколку и годинава останеме “дома” и да започнеме да отркиваме многу нови места кои што вредат да се посетат.