Понекогаш боја на чад излегува од ауспухот на вашиот автомобил, тоа може да е знак дека нешто не е во ред со него.
Син чад
Ако вашиот автомобил исфрла плав чад значи дека имате проблем со маслото, и дека доаѓа до согорување на маслото. Тоа најчесто се случува кога ќе дотраат кариките и вентилите, со што маслото протекува во комората за согорување каде се меша со горивото. Ако забележите ваков проблем, редовно проверувајте го маслото и доколку фали дополнувајте.
Сив чад
За овој чад е тешко да се даде соодветна дијагноза. Предизвикан е од слични случаеви како што е и со плавиот чад, но и од лош турбо полнач.Треба да го проверите маслото и потрошувачката на гориво, бидејки обично овие грешки ја зголемуваат потрошувачката.
Бел чад
Доколку видите бел чад не мора да значи ништо опасно, бидејки може да претставува само обична кондензација на внатрешниот издувен систем. Меѓутоа поголем облак од бел чад може да претставува проблем. Главни дефекти кои можат да предизвикаат бел чад се оштетен цилиндар на главата и испукан ѕид на главата од моторот, а тоа се скапи поправки. Овој проблем никако не треба да се игнорира, бидејки и до најмало истекување на течноста за ладење може да дојде до прегревање и сериозен ризик за оштетување на моторот.
Црн чад
Црн чад значи голема потрошувачка на гориво.Прво што треба да проверите се филтрите за клима, индуктивните сензори, инјектори за гориво и регулаторот за притисок. Црниот чад е најлесно да се дијагностицира, бидејки се знае што точно го предизвикува, а поправката на овие делови не е премногу скапа.
tocka.com.mk