Тој денеска кажа дека е во постојана комуникација и со грчкиот министер за здравство и со министерот за туризам во врска со ова прашање и треба да се договорат деталите.
Вчера медиумите информираа дека граѓаните на Србија ќе може да влегуваат во Грција и со негативен ПЦР-тест и со тест за антитела, како и со доказ за вакцинација, а македонскиот министер за економија, Крешник Бектеши, рече дека не се преговара со Грција за влез на наши граѓани за претстојната летна сезона, туку ќе се поттикнува домашниот туризам.
Денеска Бектеши се правдаше дека не рекол дека нема да се преговара туку дека тоа не се правело во моментот кога прашањето било поставено.
„Јас не реков дека нема да преговараме со Грција. Кога беше поставено прашањето, реков дека во моментот ние како Министерство за економија не преговараме, но тоа не значи дека нема да преговараме во иднина“, рече Бектеши одговарајќи на прашањето зошто ги одложува преговорите со Грција кога веќе видовме дека вакцинацијата не е единствен предуслов за влез во земјата.
Бектеши денеска најави ќе се преговара со сите соседни држави за заемно признавање на ПЦР-тестовите, тестовите за антитела и ковид-пасошите. Исто така, тоа ќе се прави и со другите европски земји со цел граѓаните да можат да патуваат.
Извор: https://www.mkd.mk/