Оваа година за прв пат и Македонците ќе ги собираат своите.Македонската репрезентација е сместена на 42 и 43 страница од 227 до 297 број.
Приказната за Панини почнува во 1961 година од браќата Бенито и Џусепе Панини, а првиот албум со сликички од фудбалери е од Светското првенство во Мексико 1970 година, кој содржи 288 сликички. Пополнувањето на албумот потоа станува традиција за фудбалските фанови од целиот свет, како загревање пред Европските и Светски првенства. Со годините, бројот на сликички се зголемува, а со тоа и трошокот на колекционерите.Овој најновиот има 654 полиња за пополнување и вкупно 97 страници
Зад успехот на Панини се крие технологијата „фифиматик“ што им овозможува автоматско мешање и пакување на сликичките. Тоа го прави пополнувањето на целиот албум вистински предизвик.
Отакако во Петокот и официјално почна да се продава албумот колекционерите побрзаа да го купат.
Оваа година за прв пат и Македонците ќе ги собираат своите.Македонската репрезентација е сместена на 42 и 43 страница од 227 до 297 број.
Шестнаесеттото Европско првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 12 градови домаќини ширум Европа. Македонската фудбалска репрезентација, првиот натпревар го игра на 13 јуни, против репрезентацијата на Австрија.
Албумот доаѓа со шест сликички и чини 80 денари, а едно пакетче со пет сликички е 40 денари.