
Ова е дел од пакетот рестрикции кои во понеделникот ги донесе Владата, со цел, како што рекоа да се намали ширењето на коронавирусот, да се спречи оптоварување на здравствениот систем и да се избегне затворање за верските празници Велигден и Бајрам.
Во пакетот рестрикции е и зголемување на полицискиот час, кој од вчера започнува во 20 часот, наместо во 22, и трае до 5 часот наутро.
Од вчера стапи на сила и забраната за посетители во фитнес клубовите и спортските сали, како и забраната за одржување на конференции и обуки.
Извор : https://360stepeni.mk/