Овие две компании го представија својот нов модел на женски патики Polar Blue Nike x Swarovski Air Max 97. Ова е нивна трета соработка, предходно ги изработија Silver Bullet Air Max 97 патиките во 2017 година и Metallic Gold од истата колекција 2018 година.
Овој најнов луксузен модел се базира врз Air Max 97 моделот кој што е стар повеќе од две децении. Она кое што ги прави патиките да изгледаат посебно се употребените Swarovski кристали, со кои што на површина на патиките се формирани брановити линии со различни дебелини, а помеѓу нив се наоѓа класичен мрежести материјал обложен со сива и бела боја што е карактеристична на пролетните Nike патики.
Средниот дел на ѓонот на патиките е обложен со бела боја, а долниот дел е обложен во црна боја. Поларно сината боја по која што е именуван моделот на патиките е сместена со дискретен Swoosh симбол на брендот кој што е сместен на двете страни на патиките и на предната страна на јазикот..
Внатрешноста на патиките е црна.
Polar Blue Nike x Swarovski Air Max 97 до пред скоро време на сајтот на Nike се продавале по цена од 400 долари.
Nike и Swarovski заедно соработувале за дизајнот на новиот модел на патики
Zanimljivosti
-
Празнични украси што штедат струја – како да блескате со помала сметка?
Со доаѓањето на празниците, домовите, улиците и деловните простории блескаат во бои и светлина. Сепак, магијата на празничните украси често доаѓа со високи сметки за струја.
-
Зошто луѓето почнаа да ставаат подароци под елката?
Ставањето подароци под елката е една од најубавите празнични традиции која го збогатува семејното дружење за време на празниците. Иако денес е глобално прифатен обичај, малкумина знаат од каде потекнува оваа традиција и што симболизира.
-
Дали знаете каде се гради најдолгиот и најдлабокиот подморски тунел во светот?
Тунелот Рогфаст се копа на делницата помеѓу под Бокнафјорден и Квицојфјорден во норвешки Рогаланд и ќе биде долг 27 километри, а неговите две цевки широки десет и пол метри ќе бидат поставени на длабочина од 392 метри под нивото на морето.
-
Кој има право на компензација за одложени и откажани летови: Регулативата на ЕУ ги штити патниците, можат да добијат од 260 до 600 евра!
Патниците кои доживеале непријатности поради доцнење или откажување на летот може да добијат значителен финансиски надомест. Регулативите на Европската унија ги штитат патниците и им дозволуваат да добијат од 250 до 600 евра, во зависност од околностите. Сепак, процесот на добивање компензација за откажан или одложен лет не е едноставен, а авиокомпаниите често наоѓаат начини да избегнат плаќање.
-
Потрагата по летот MH370 продолжува: „Новите податоци за локацијата на авионот се веродостојни“
Малезија се согласи да ја обнови потрагата по остатоците на исчезнатиот авион MH370 на Малезија ерлајнс, повеќе од 10 години откако исчезна во една од најголемите воздухопловни мистерии во историјата, објави денеска министерот за транспорт Ентони Локе, пренесува Ројтерс.
-
Кина го гради најголемиот аеродром во светот
Кина го гради најголемиот аеродром во светот сместен на вештачки остров.