Покрај листата на најбогати луѓе на светот, магазинот Forbes направи список на десет градови кои имаат најмногу милијардери
На првото место е Пекинг, кој има 100 милијардери, што е пораст за 33 во однос на минатата година, а нивната тотална вредност е 484,3 милијарди долари, додека најбогатиот жител на главниот град на Кина е Џанг Јиминг со 35,6 милијарди.
Третото место го држи Хонгконг, кој има девет милијардери повеќе и сега таму живеат 80 милијардери, чија вкупна вредност изнесува 448,4 милијарди, а најбогат е Ли Ка-Шинг со 33,7 милијарди.
Москва е на четврто место со 79 милијардери, девет повеќе од лани. Кинескиот град Шензен има 68 милијардери, 24 повеќе во однос на 2020 година, а тоталната вредност изнесува 415,3 милијарди.
Шестото место припаѓа на кинескиот град Шангај, кој има 64 милијардери, 18 повеќе од претходниот пресек. Вкупната вредност изнесува 259,6 милијарди, додека најбогат жител на Шангај е Колин Џенг Хуанг со 55,3 милијарди долари. Лондон се наоѓа на седмо место со 63 милијардери, чија вкупна вредност е 316,1 милијарди. Најбогат жител на Лондон е Лен Блаватник со 32 милијарди долари.
Во Мумбај живеат 48 милијардери, со вкупна вредност од 265 милијарди долари, каде најбогат е Мукеш Амбани, кој е и меѓу десетте најбогати луѓе во светот, бидејќи неговата вредност се проценува на 84,5 милијарди долари. Сан Франциско исто така има 48 милијардери, 11 повеќе од минатата година, со вкупна вредност од 190 милијарди долари. Најбогат жител на градот е Дастин Московиц, кој има 17,8 милијарди.
На десетто место се најде уште еден кинески град, Хангџоу, кој има 21 милијардер повеќе отколку во 2020 година и нивната вредност е 269,2 милијарди долари. Најбогат жител е Шаншан Џонг со 68,9 милијарди долари.