Vijest
-
Од денес старите документи веќе не важат, 100 евра казна за непочитување
Од денеска возачките дозволи со старото име на државата престануваат да важат. Граѓаните кои ќе бидат затекнати со стара возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра. Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата.
-
Во Новата година со минимално зголемена цена на струјата, и понатаму останува дневна евтина тарифа
Цената на електричната енергија за домаќинствата од денеска е поскапа за 0,92 проценти. Во првиот блок е повисока за 0,68 проценти, во вториот за 0,9, во третиот за 1,93 и во четвртиот за 2,24 проценти, a евтината тарифа е поскапа за 0,9 проценти.
-
Добра вест за корисниците на кредити – иако минимално, каматите се намалуваат
Просечната каматна стапка на вкупните кредити веќе неколку месеци бележи надолен тренд, што укажува на мало, но значајно намалување на притисокот врз кредитокорисниците. Во ноември е регистрирано намалување од 0,02 процентни поени, а годишниот пад изнесува 0,12 п.п., при што стапката се задржува на ниво од 5,36%.
-
Како светот ја дочека Новата година? Спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк
Светот влезе во 2025 година. Големите градови, традиционално, на главните плоштади со спектакулрани огномети го прославија влегувањето во новите 365 дена.
-
Грција најавува апликација за родителски надзор над мобилните телефони на нивните деца
Грција објави планови за воведување апликација која треба да го подобри надзорот на родителите над мобилните телефони на нивните деца, преку дигитална проверка на староста и контроли за пребарување на интернет.
-
Светската популација се зголеми за повеќе од 71 милион луѓе во текот на 2024 година
Светската популација се зголеми за повеќе од 71 милион луѓе во 2024 година и ќе достигне 8.09 милијарди на крајот на годината, според проценката објавена денеска од Бирото за попис на САД.
-
Препораки од ИЈЗ за намалување на здравствените ризици за време на празниците
Од ИЈЗ велат дека повредите поврзани со употребата на пиротехнички материјали се тешки, претворајќи ги многу прослави и весели моменти во несреќи
-
Почнува зимскиот распуст, учениците се враќаат во клупа на 20 јануaри
За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари.
-
Скопје 2024 ја испраќа како топ 10 најзагаден град во светот
Македонската престолнина на последниот ден од 2024 година се најде во топ 10 најзагадени градови во светот.
-
Традиции за првиот ден од годината: Што значи 1 јануари за Македонците?
Првиот ден од јануари е повеќе од само почеток на календарската година – тој е симбол на нови надежи, нови почетоци и моменти на семејна топлина. Во Македонија, 1 јануари се слави со уникатни обичаи кои го спојуваат минатото и сегашноста.