Vijest
-
Во Хрватска, пазарот на труд загуби 112 илјади млади под 34 години – цел еден град како Ријека
Драстично се менува старосната структура на вработените во Хрватска. Во 2008 година, хрватските компании и институции вработуваа околу 609 илјади млади на возраст до 34 години, додека денес бројот на вработени помлади од 34 години е намален на само 497 илјади.
-
Криптовалутата на американскиот претседател достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари
Новосоздадената криптовалута на американскиот претседател Доналд Трамп порасна на повеќе од 10 милијарди долари пазарна капитализација вчера кога тој ја презеде функцијата за неговиот втор мандат.
-
Оваа загатка можат да ја решат само 5% од најпаметните луѓе на светот – дали сте меѓу нив?
Загатката на кралот кој немал кралица и наследници е позната во англосаксонската култура со децении. Неодамна доживеа „нов живот“ на TikTok со тврдење дека само 5% од луѓето успешно ја решаваат. Еве која точно загатка е таа.
-
Нормализирана е испораката на топлинска енергија во Скопје
Во најкус можен рок е нормализирана испораката на топлинска енергија за корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина. Кај приклучените потрошувачи на системот за централно греење од овој реон испораката на топлинска енергија се реализира согласно мрежните правила кај сите станбени и деловни објекти каде што утрово после 10 часот беше намален квалитетот на испорака, со исклучок на дел од потрошувачите во Општина Центар.
-
Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома
Поради недостиг на парно греење, учениците денеска во Скопје беа пуштени порано да си заминат дома. Родителите беа информирани од страна на класните раководители дека ќе ги губат последните неколку часови.
-
Ширум Белгија регистриран природниот феномен „ледена коса“
Во услови на температури под нулата последниве неколку дена, ширум Белгија е регистрирана појава на феноменот „ледена коса“ или уште познат меѓу народот како „кралска зимска брада“.
-
Од ноќеска ново поскапување на дизел и бензин горивата, ова се новите цени
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 % во однос на одлуката од 17.01.2025 година.
-
Се очекува овие пет луѓе да станат трилионери во следната деценија
Заборавете на милијардерите. Првите трилионерите се на пат. Се очекува пет луѓе да соберат најмалку трилион долари (илјада милијарди) богатство во следната деценија доколку продолжат сегашните трендови, според годишниот извештај за нееднаквост на Оксфам, објавен во неделата.
-
ПАРИ АНАЛИЗА: Над две третини од тие што бараат работа НЕМААТ ОБРАЗОВАНИЕ ИЛИ СЕ СО ОСНОВНО
Во Агенцијата за вработување, во декември минатата година имало 96.828 невработени кои тврдат дека бараат работа. Уште 44.118 се пријавуваат, но не се декларираат како активни баратели на работа. Наспроти нив, деновиве Агенцијата за вработување евидентира околу 9.000 слободни работни места. Математиката покажува дека за секое работно место, во просек, има по повеќе од 10 невработени.
-
Намалена е испораката на топлинска енергија во делови од Скопје
Скопјани револтирано реагираат бидејќи скоро цело Скопје е без парно затоплување.