Poslovne vijesti
-
На европските берзи втор ден по ред има раст
На европските берзи утрото цените на акциите пораснаа втор ден по ред, а најголем скок забележаа рударскиот и енергетскиот сектор, благодарение на поскапувањето на нафтата и суровините.
-
Патничките летови во ЕУ во декември пораснале за дури 130 отсто
Во декември 2021 година, бројот на патнички летови во ЕУ се зголемил за 130 отсто во споредба со истиот месец во 2020 година, според Евростат. Сепак, ова е се уште далеку под нивоата пред пандемијата (-24 проценти во споредба со декември 2019 година).
-
„Порше“ продал над 300.000 автомобили во 2021 година
Пандемијата на коронавирус и недостатокот на полупроводници не го спречија „Порше“ да постави нова рекордна продажба. Откако „Ламборгини“ и „Бентли“ се пофалија со рекорд во 2021 година, и германската компанија соопшти дека продала 301.915 автомобили, што е 11 отсто повеќе отколку во 2020 година, благодарение на зголемената побарувачка во сите глобални продажни области.
-
Глобалната пазарна вредност на електричните возила ќе достигне 800 милијарди долари
Глобалниот пазар на електрични автомобили, проценет на 162 милијарди долари во 2019 година, се очекува да достигне 803 милијарди долари до 2027 година. Ова се вели во извештајот на Allied Market Research, цитиран од светските агенции.
-
Банките би можеле да чуваат криптовалути во своите биланси
Група американски банкарски регулатори работат на тоа како може да им се дозволи на банките да нудат криптовалути и да ги чуваат криптовалутите во нивните биланси.
-
Колку навистина заработуваат балканците во Германија!?
За Балканците Германија отсекогаш била „ветена земја“ кога станува збор за платите, и иако платите не растеле за време на ковид, на нашите работници не им одело толку лошо.
-
Криптовалутите и хибридната работа го водат пазарот на луксузни недвижности во 2022-ра
Единственото нешто што може да го забави глобалниот пазар на луксузни недвижности во 2022-ра година е алчноста.
-
PayPal размислува да воведе своја криптовалута
Криптовалутата наводно е поддржана од американскиот долар.
-
За 150 денари зголемени трошоците на едно семејство во декември, за 5.848 денари поголеми во однос на просечната плата
За околу 150 денари се зголемени минималните трошоци на едно семејство во декември во однос на ноември, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја објавува вредноста на минималната синдикална кошничка.
-
Кратките летови и евтините авио билети заминуваат во историјата?
Гринпис, (Green Peace) меѓународна асоцијација на еколошки активисти, и предлага на Европската унија да ги укине кратките летови, кои може да се заменат со возење со воз под шест часа, со цел да се подигне свеста за климатските промени.