Мистеријата нaречена:Зошто не ми се пријавуваат квалитетни луѓе на огласите?
За да дојдеме до одговорот мора да почнеме од почеток. Значи Вака:
Бренд компании се оние кои исклучително многу вложиле во градењето на својт бренд т.е нивната перцепција кај публиката. И при тоа нивната примарана цел не им e краткорочно да створат купувачи туку долгорочно да створат корисници на нивните производи.
Некој би рекле тоа е фрлање пари, други би рекле мене сега ми треба кеш и ќе го насочам во продавање на овој производ.
И тоа е ок за оние помалите, но ако веќе сте големи или имате за цел да растете и да станете големи- без бренд кампања тешко дека ќе стигнете да се најдете на највисоката полица.
Кока Кола на пример ич нема потреба да се рекламира нејзините производи се толку добро позиционирани на пазарот да трошењето на реклами е буквално фрлање на пари зарем не?
Епа не!
Кока Кола не дозволува ни еден момент да ве испушти од вид и цело време е тука како камче во патики да ве жуља. Цело време е пред вас со еден куп светлечки реклами или некакви пораки залепени на нивните шишиња. Па не се луди да ги препуштат најубавите билборди на конкурентите или највисоките полици да им ги отстапат на сокчињата за растворање!Се сеќавате од пред некоја година на шишињатата со Имиња?Или на онаа кампања сподели Кока Кола со- шефот, со девојката и сл..
Кока Кола никогаш не ви го продава производот, си ја гради прерцепијата и така ствара трајна врска со вас.
Еве дали знаете што се содржи Кока Кола? Кој и е составот? Во какви видови пијалоци спаѓа Кока Кола? Безалкохолни ќе речете од прва. Друго што знаете за неа?
Ете баш тоа. На овие прашања не знаете да одговорите токму за тоа што Кока Кола никогаш не се фокусира на производот туку на брендот.
Нема реклама на Кока Кола која ќе ви Каже:Нашиот безалкохолен газиран производ кој содржи кофеин и арома на карамела, е направен токму за вас....и сл
Тие напротив, ќе ви пуштат реклама без зборење каде дечко и девојка се гледат и одендеднаш едниот отвара Кока Кола и ја нуди на девојката...И после мора да пијат од исто шише! Еј па и ти би сакал да си на нејзино место нели?
Кока Кола се наоѓа на секоја семејна трпеза, Дедо Мраз пие Кока Кола ви текнува?
Ете така се ставаат на топ оф д мајнд и вашата првична перцепција или чувство за Кока Кола ви e пријатно.
Зошто ова го пишувам на сајтот за огласи. Затоа што секоја компанија која има да понуди оглас всушност нуди производ пред потенцијалните кандидати односно "купувачи" на тоа работно место.
И сите компании обично одат со она:Сега ми треба и сега вложувам во него без при тоа да размислат за перцепцијата на брендот, во која кампања со години не вложувале ништо.
Ама таму ги пишува условите има се и цената т.е платата е супер. Е. Не е спорно.Ама пак некако тешко доаѓате до квалитени апликанти.
А сега да прашам. Колку од Безалкохолните газирани сокови имаат и подобра цена и подобар состав од Кока Кола?
И зошто оној што се двоуми попорво би купил Кока Кола отколку Х сок?
Затоа што месеци наназад, години претходно има нешто што го слушал гледал баш за Кока Кола.
Па кога Кока Кола ќе извади нов производ ич нема да се мисли да пребарува па чек да видам што производ е туку одма ќе посака да го купи. А од друга страна Кока Кола нема потреба дополнително да вложува купишта пари за новата кампања туку само ќе си пушти рекламче –т.е оглас
Ете баш толку едноставно.
Градењето на бренд кампања на пазарот на труд се вика Брендирање на работодавачв( Employer Branding) тоа значи постојано градење и вложување во имиџот на компанијата.
Цела година и постојано.
Затоа што можеби во моментов немате отворено работно место, но имате луѓе кои се заинтересирани да работат кај вас или се вработени кај конкурентот а баш вам добро би ви дошле кога ќе ви затребаат.
Е баш заради таквите и баш заради добивање на квалитени апликации, и полесно доаѓање до вистнските луѓе ви е потребна Бренд Кампања т.е Брендирање на работодавач
Ќе заштедите и живци и време и пари.
И најважно секој нареден пат ќе ви биде се полесно да доаѓате до вистинските луѓе.
И што си ти? Кока Кола или сокче на растворање
До следно читање,