Главните ѕвезди од култната серија „Пријатели“ за повратничката епизода добиле меѓу 2,3 и 3 милиони долари.
Шестте актери, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Метју Пери се вратија на малите екрани како „Пријатели“ по последно снимање во 2004 година, а нивните животи повторно се под лупата на милиони фанови ширум светот.
Британскиот „Daily Star“ пишуваше за богатството на Метју Пери, односно Чендлер од серијата, а како што велат, тој тежи околу 120 милиони долари. Тој глумеше во сите 236 епизоди од „Пријатели“ меѓу 1994 и 2004 година.
Како и остатокот од главните актери, за првата епизода Пери бил платен нешто повеќе од 22 илјади долари по епизода. Тој износ се искачи на дури еден милион долари по епизода до последната сезона.
Како што пишува „USA Today“ главните актери од „Пријатели“ и денес заработуваат меѓу 18 и 20 милиони долари годишно само благодарение на своите улоги во култната серија, која се реемитува во повеќе делови од светот.
Извор: slobodenpecat.mk