На телото навистина му е потребeн одмор по ручекот.
Преку разни студии научниците докажаа дека овие работи навистина се точни.
Дали сте знаеле дека смеењето навистина решава болка и дека стомакот штити од болести?
1. Очите имаат најбрз мускул во телото. Мускулот orbicularis oculi е најбрз движечки мускул во нашето тело, се наоѓа во окото и го контролира затворањето на очните капаци. Ако некој предмет се обиде да го допре нашето око, тој мускул го затвора за помалку од 100 милисекунди – и токму затоа влезе во Гинисовата книга на рекорди.
2. Tрепкањето служи за одмор. Ги хидрира очите, штити од туѓи тела, но исто така ни помага да се одмориме – мозокот го користи овој краток момент за да се исклучи.
3. Стомакот го чува нашиот имунитет. Во борбата против бактериите и вирусите, на телото му треба помош, а тука е стомакот чија киселина запира повеќе бактерии да влегуваат во организмот преку храната што ја конзумираме.
4. На телото навистина му е потребна пауза по ручекот. Деноноќниот ритам на една личност испраќа одредени предупредувачки сигнали седум до девет часа по будењето, а овие сигнали нè успиваат и ни укажуваат дека е време за одмор. Ова е обично времето по ручекот.
5. Смеењето ја ублажува болката. Многу истражувања покажаа дека смеењето е одлично за здравјето, но дури неодамна открија и зошто – ослободува хемикалии кои прават да се чувствуваме подобро, а истите хемикалии ја ублажуваат болката, пренесува Bright Side.