Станува збор за сосема природни средства, а сите состојки веројатно веќе ги имате.
Само неколку состојки од кујната ќе ви бидат потребни и нема да имате проблем со комарците.
Комарците знаат животот да нѝ го претворат во ’пекол‘. Колку е потопло, толку се побројни, затоа е добро да ги знаете овие трикови.
Станува збор за сосема природни средства, а сите состојки веројатно веќе ги имате.
Мирислива течност која комарците не ја поднесуваат
Направете ја оваа течност, ставете ја во сад, ставете помала свеќа која може да плови и комарците веднаш ќе избегаат.
Потребни состојки:
- 2 лимони
- 2 лимети
- неколку гранчиња рузмарин
- 8 до 10 капки етерично масло од еукалиптус
- малку вода
- пловечка свеќа
Подготовка:
Многу е едноставно. Во помала стаклена чаша истурете ја водата, лимонот, лиметата и рузмаринот. Додадете еукалиптус и на врвот ставете ја пловечката свеќа.
Каранфилче и лимон се спас од овие крвопијци
Преполовете неколку лимони или лимета, па во средина ставете 10-на каранфилчиња. Распоредете го лимонот таму каде што поминувате најмногу време.
Мириси кои проверено ги бркаат комарците
Комарците не сакаат мирис на ловор, босилек, лаванда, жалфија, рузмарин, еукалиптус … И сувиот талог од кафе ќе помогне, едноставно ставете го во метален сад и запалете го. Можете да користите кора од овошје или рузмарин, за да зовриете вода и, на крајот, може да користите и етерични масла.
Извор: точка.ком.мк