Истражувањата покажуваат дека можете да дознаете многу за нечиј карактер, статус, возраст и приход само од гледањето фотографија од неговите чевли. Во продолжение прочитајте како облеката што ја носите може да влијае на вашата продуктивност.
1. Необичната облека ве прави да изгледате покомпетентно
Луѓето кои носат облека што може да се смета за несоодветна за она што го прават, всушност можат да имаат подобра слика и може да изгледаат како специјалисти во својата област. Истражувачите го нарекоа ова „ефект на црвени патики“. Тоа било засновано врз нивните наоди што го открија фактот дека студентите сметаат дека професорот што носел црвени патики конверс додека држел предавање бил покомпетентен.
2. Одредени стилови го поттикнуваат вашето креативно размислување
Облекувањето формално, како што откри истражувањето, го зголемува вашето апстрактно размислување. Ова се објаснува со фактот што професионалната облека создава одредено социјално дистанцирање. А, кога луѓето се социјално оддалечени, тие размислуваат во различни околности и можат да најдат покреативни решенија.
3. Вашиот индивидуален стил ви помага да се претставите во вистинско светло
Не треба да се обидувате да се вклопите во стереотипната слика за тоа како треба да изгледа вашата облека во очите на вашите работодавци. Наместо тоа, треба да се облечете онака како што мислите дека ќе се чувствувате најдобро и ќе се претставите во најдобро можно светло. Специјалистите велат дека личното обележје е важно за работодавците многу повеќе отколку што мислите.
4. Соодветната облека ве прави повнимателни
Носењето облека соодветна за работното место може да има позитивен ефект врз вашето спознавање, особено врз фокусот. Во еден експеримент, луѓето кои носеле лабораториски мантил правеле помалку грешки додека работеле нешто што бара многу внимание, а истражувачите го објаснуваат ова и со симболичното значење и со физичкото искуство на носењето таква облека.
5.Вашата облека може да открие нешто за вашите цели
Луѓето ги обработуваат визуелните детали без многу да размислуваат за тоа бидејќи мозокот прави проценки во милисекунди и развивате впечатоци за различни работи. Бидејќи вашата облека го сочинува најголемиот дел од вашето визуелно претставување, треба внимателно да ја изберете за да покажете кои цели сакате да ги постигнете. На пример, како што велат специјалистите, засуканите ракави ја откриваат вашата подготвеност да ги завршите обврските, а носењето неформална облека на некои настани ќе покаже дека сакате да остварите социјални врски.
извор: www.kafepauza.mk