Некои луѓе несвесно чкртаат со забите во сон, па не ја ни знаат причината за нивните проблематични заби, а други пак ги стискаат вилиците.
Последниов период многу повеќе внимание почна да се обраќа на овој шокантен факт за постоењето поврзаност помеѓу стресот и оралното здравје. Сепак, не се сите причини за стресот толку екстремни. Некои луѓе несвесно чкртаат со забите во сон, па не ја ни знаат причината за нивните проблематични заби, а други пак ги стискаат вилиците. Постојат толку различни нешта кои стресот може да ги предизвика, а да не сме ни свесни за тоа. Еве како да дознаете дали стресот влијае врз вашите заби?
СТЕ ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ДЕКА ЗАБИТЕ ВИ СЕ СКУСУВААТ И СТАНУВААТ ,,ПРОВИДНИ,,
Ова е најчесто резултат од чкртањето со забите, кое најчесто се случува несвесно за време на сон. Поразговарајте со својот стоматолог и набавете гума или фолија којашто ќе ги заштити и ќе ја спречи оваа грда навика.
НЕПЦАТА ВИ КРВАРАТ МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО
Ова е најверојатно знак за болест на непцата (гингивитис или периодентоза), која е предизвикана или влошена од стресот. Потребно ќе биде да направите третман на непцата, како што е длабинско чистење.
ЧЕСТО ИМАТЕ ОРАЛНИ ИНФЕКЦИИ (АФТИ ИЛИ ФИСТУЛИ)
Стресот исто така може да го предизвика ова, бидејќи го оневозможува телото да се бори против инфекциите колку што е можно повеќе. Овде можат да помогнат антибиотиците и деталното лекување.
ЧУВСТВУВАТЕ БОЛКА ВО ЗГЛОБОВИТЕ НА ВИЛИЦАТА
Можеби ви е потребен третман на вилицата, како специјален сплинт или дури и ботокс, доколку мускулот се опуштил.
ИМАТЕ ПРОБЛЕМИ СО КАНАЛИТЕ ВО КОРЕНОТ НА ЗАБИТЕ
Овде стресот исто така е причинител, бидејќи овој проблем често се јавува кај луѓето кои чкртаат со забите и кај кои забните нерви се изложени. Задолжително е чистење на каналите, а можно е и вадење на нервите, со цел да се спречи болката.
ИМАТЕ ЛОШ ЗДИВ
Стомачните киселини можат да се наталожат кога сте под постојан стрес и да доведат до рефлукс и други појави кои предизвикуваат лош здив.
ЈА ГРИЗЕТЕ ВНАТРЕШНАТА СТРАНА ОД ОБРАЗИТЕ
За некои луѓе оваа навика се развила како начин за соочување со стресот. Акупунктурата или хипнозата се третманите кои можат да се употребат за опуштање и спречување на оваа лоша навика.