Дизајнот и карактеристиките на новиот Windows, за кој се претпоставува дека ќе се вика Windows 11, а до неговото претставување остануваат уште четири дена. Сега се покренува прашањето дали тој ќе биде бесплатен како и претходниот.
Со оглед на тоа што Apple им дава бесплатно на корисниците секој нов macOS, се очекува Microsoft да го стори истото, останувајќи чекор пред конкуренцијата. Microsoft 10 беше пред сите токму затоа што беше бесплатен и сега ќе се води од истата идеја.
Тие сметаат дека нема потреба од наплата на обичните корисници, сè додека компаниите веднаш не преминат на новиот оперативен систем, па затоа е логично новиот да биде „ослободен“ за „бесплатна употреба“.
Исто така, има информација дека новиот Windows може да биде бесплатен за сите корисници кои имаат валидни лиценци за постари верзии од оперативниот систем.