Американски финансиски гуру, основач на Rich Dad Company, инвеститор и автор на новото бестселер издание на NYT, книгата Rich Dad Poor Dad, Роберт Кијосаки, продолжи да предупредува на “најголемиот економски колапс во светска историја“. Во исто време, тој советува да се инвестира во злато, сребро и биткоин.Кијосаки уверува дека најголемиот финансиски меур во светската историја станува сè поголем и дека прашањето не е дали ќе има, туку кога ќе пукне. Тој посочи дека верува дека е прашање на време кога американскиот долар ќе бидат заменети со криптовалути како што е fedcoin.
Неговиот совет до младите инвеститори за тоа како да се подготват за претстојниот колапс, тој порачува да бидете капиталисти и да изградат бизнис што добро се одвива во падови и подеми. Кијосаки е автор на 26 книги преведени на 51 јазик и продадени во повеќе од 41 милиони примероци.