Ликот на Фрида се почесто с e среќава како на апликации на облека и аксесоари така и како уметнички фотографии во локали и домови, а всушност која е Фрида и зошто толку многу се слави нејзиниот лик и дело? За најголемиот дел од светот Фрида е симбол за слободата на Мексико
Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон, интригантната хероина, жена и сликарка е родена на 6 јули 1907 во сопствениот дом „Сината куќа“ (La Casa Azul) во едно предградие на Мексико Сити. Самата Фрида тврдела дека е родена на 7 јули 1910, заради почетокот на Мексиканската револуција истата таа година. Сакала почетокот на нејзиниот живот да биде поврзан со почетокот на модерно Мексико.
Нејзиниот татко Гилјермо Кало (1872-1941) бил роден во Германија како Карл Вилхем Кало. А кога имал деветнаесет години емигрирал во Мексико. Бракот со мајката на Фрида – Матилда Калдерон и Гонзалес бил негов втор брак. Преку нејзината мајка, таа имала и индијанско потекло, за што сведочи нејзината маркантна физиономија.
Дури и на многу мала возраст, нејзиниот живот бил обележан од болката која често била и мотив на нејзините слики кои настанувале како последица на скратувањето на мачното време кое била принудена да го помине прикована за креветот.
Дури и на многу мала возраст, нејзиниот живот бил обележан од болката која често била и мотив на нејзините слики кои настанувале како последица на скратувањето на мачното време кое била принудена да го помине прикована за креветот. Кога имала шест години, се разболела од детска парализа, што довело до трајни деформации на нејзините стапала и нозе, што како адолесцентка го прикривала со панталони, а подоцна со долгите здолништа, инспирирани од мексиканските народни носии, кои заедно со нејзините долги, споени веѓи станале нејзин заштитен знак.
Лошата среќа ја следела и кога имала осумнаесет години и доживеала една несреќа, која едвај ја преживеала, со сериозни оштетувања на ’рбетениот столб, неколку скршени ребра и повреди на карлицата, што подоцна влијаело и на нејзината неплодност.
Во сликањето таа ја пронаоѓала силата да продолжи со животот, иако ги користела и дрогите и алкохолот за да ја ублажи физичката болка.И покрај многуте операции и психичката болка, Фрида продолжила да слика. При крајот на 1920-те, еден нејзин пријател ја запознал со познатиот актер и комунист Тино Модоти и со Диего Ривера, мајсторот на ѕидното сликарство, кои го промениле нејзиниот живот. По неколку години, таа им се приклучила на редовите на Комунистичката партија и се омажила за идолот од својата младост. Бракот кој бил исполнет со љубов, афери, креативни инспирации, омраза, а на крајот завршил со развод во 1939, и повторен брак во 1940 година имал големо влијание врз Фрида.
И покрај многубројните афери (со актерките Долорес дел Рио и Марија Феликс, па дури и со помладата сестра на Фрида – Кристина), Диего ја поддржувал Фрида на многу начини, ги сакал нејзините дела и бил најголемиот обожавател на нејзината уметност. За возврат, Фрида била најверната кртичарка на делата на Диего и љубовта на неговиот живот.
Таа водела богат и исполнет живот, приредувајќи забави на кои сакала да ги шокира гостите и да раскажува непристојни шеги кои не биле типични за жените во тоа време. Била најголемата ѕвезда на мексиканската општествена сцена во 1930-те и 40-те години, одушевувајќи ги луѓето околу себе со својата харизма. Во Франција се спријателила со Пикасо и позирала за насловната страница на Вог.
Мажите биле фасцинирани и во исто време зачудени од неа, па и не изненадува фактот дека, како и Ривера, и таа имала низа афери. Една од нив била со комунистичкиот водач Лав Троцки. Сè започнало кога тој и неговата сопруга се криеле од нивните прогонувачи во куќата на Фрида, а подоцна таа била уапсена поради сомнение дека го убила, што никогаш не било докажано. Фрида отворено ја признавала својата бисексуалност, сакала да ги заведува и жените, а нејзините најпознати врски биле со светски познатата танчерка, актерка и политичка икона Џозефина Бејкер и со американската уметница Џорџија О’Киф.
Уште како тинејџерка сакала да се облекува во машка облека и го промовирала андрогиниот изглед, а многумина ја сметале за феминистичка икона и ја славеле како симбол на женската еманципација.
Исто како и нејзиниот живот, и уметноста на Фрида била фасцинантна. Како што со право истакнал Диего Ривера, Фрида Кало била „првата жена во историјата на сликарството која ги третирала без никакви компромиси општите, но и сосема конкретните теми кои се однесувале на жените“. Шарените слики, автопортретите и традиционалните мексикански слики (retablos) која самата ги создавала, служеле како немилосрден приказ на нејзините клучни животни трауми, на сообраќајните несреќи, болничките лекувања, нејзината неплодност поради која никогаш не станала мајка и на брачните љубовни неволји. Иако Андре Бретон сакал да ја смести во надреалистичките кругови, Фрида велела: „Тие мислат дека мојата уметност е надреалистичка, но тоа не е вистина. Јас никогаш не ги сликав своите сонови. Јас ја сликам мојата стварност“.
Иако уште страдала од воспаление на белите дробови, учествувала и на демонстрациите против интервенциите на САД во Гватемала, а како последица на овој импулсивен чин починала во доцните вечерни часови на 12 јули 1954Во првата половина на 50-те години нејзината тешка здравствена состојба уште повеќе се влошила, по ампутацијата на десната нога под коленото, како последица на гангрената. Заради тоа, таа станала депресивна и честопати размислувала за самоубиство. Во 1953 година Фрида ја одржала својата прва самостојна изложба во Мексико. Поради лошата здравствена состојба, лекарите ѝ забраниле да учествува, но таа пристигнала на изложбата на носилка. Толпата ѝ честитала и ја славела, а изложбата постигнала неверојатен успех. Иако уште страдала од воспаление на белите дробови, учествувала и на демонстрациите против интервенциите на САД во Гватемала, а како последица на овој импулсивен чин починала во доцните вечерни часови на 12 јули 1954 година во Сината куќа во која била родена. Како официјална причина за смртта била наведена белодробната емболија, иако некои сметале дека се работело за преголема доза лекови која, имајќи ги предвид нејзините самоубиствени помисли, можеби и не била само чиста случајност.
Никогаш не била извршена официјална аутопсија. Неколку дена пред смртта, таа напишала:
„Се надевам дека излезот ќе биде радосен и се надевам дека никогаш повеќе нема да се вратам.“