Сопственикот на зграда во градот Блумберг на југот на Германија сам си создал проблеми со тоа што не им плаќал на работниците, т.е. изведувачите на неговата зграда.
Имено, тој наводно му должел на изведувачот 4,9 милиони евра, а откако на изведувачот му здосадило да ги чека неговите пари, збеснал и одлучил да се одмазди на интересен начин во средата во 7.30 часот наутро.
Со багер тргнал на зградата и ги срушил скоро сите балкони на неа, како и соседните sидови, предизвикувајќи на тој начин штета од речиси половина милион евра на новоизградената зграда.
Бидејќи сѐ уште е во изградба, зградата била празна и затоа нема повредени, а местото на настанот во неверување го следеле околу 50 очевидци. Се разбира, тие веднаш ги зеле камерите и снимиле неверојатна сцена на градежникот што руши се пред себе.
Градежникот запрел по урнатините на балконот само затоа што се скрши хидрауличното црево на багерот, изјавија сведоци за германскиот весник Шварцвуелдер Боте.
Подоцна тој и се предал на полицијата, а полицијата ја блокираше областа од страв со багерот да не ги оштетил резервоарите за гас во зградата.
Workers destroy 30 new apartments in Blumberg, Germany after businessman refuses to pay their wages. This is what we in the direct action movement call *aggressive negotiations*. Top work comrades✊
Aktualno
- Постојано ви е ладно? Ова се можните причини поради кои не можете да се загреете
Некои луѓе чувствуваат студ без очигледна причина, што може да биде непријатна секојдневна појава. Иако е нормално да нѝ е ладно кога температурите се ниски, меѓутоа постојаното чувство на студ може да биде знак за постоење на здравствен проблем.
- Златен ли е ѓеврекот купен покрај автопат?
Покрај автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа, продавачите на ѓевреци секое утро го привлекуваат вниманието на патниците со мирисот на свежо печени производи.
- Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари
За 10 отсто се зголемила просечната плата во септември во однос на истиот месец лани. Државниот завод за статистика пресмета дека вработените во просек земаат по 41.585 денари плата или 3.700 денари повеќе од септември 2023та.
- Помалку овошје, поскап зеленчук – климатските промени ни ги празнат пазарите
Климатските промени сè повеќе се чувствуваат и врз земјоделството, оставајќи ги земјоделците да се справуваат со доцни мразеви, долги суши и екстремни временски услови. Овие промени, според агрометеоролозите, веќе силно удриле врз приносите и врз квалитетот на овошјето и зеленчукот.
- Поскапуваат горивата, од полноќ нови цени
Расте цената на горивата од вечерва на полноќ. Поскапуваат сите видови на горива.
- Измамници испраќаат пораки од името на Фондот за здравство, се апелира до граѓаните да не наседнуваат
Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки, кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на електронската пошта, од името на ФЗО.