Во пресрет во очекувањето на новиот „SUV“ модел на „BMW“, фановите на баварскиот производител на автомобили шпекулираат како може да изгледа „X8“.
Во тоа водат независните дизајнери, кои врз основа на „шпионски“ фотографии од маскирани прототипови се обидуваат да ги соберат коцките и да ни го покажат изгледот на моделот што „BMW“ сѐ уште го крие од јавноста.
„Mangus.Concepts“ е одговорен за еден таков обид, објавувајќи шпекулативни слики од „BMW X8“ на својот профил на Инстаграм.
Она што речиси сигурно погоди се разделените фарови. Наводно, истиот рецепт ќе се применува и за новата „седумка“.
Има голема предна маска со истакнати „бубрези“. Детал што се издвојува од опсегот на претходната понуда секако е хаубата со испакнатини што ја следат споменатата маска.
Изведбата на задниот дел на возилото е нешто помалку драматична, со поголеми „LED“ стоп-светла со хоризонтална ориентација што се протегаат до продолжените браници.
Патем, неофицијалните информации велат дека „X8“ во „М“ верзијата ќе биде најмоќното „BMW“ што се нуди. Се споменува плагин-хибридната комбинација од 4,4-литарски V8 турбо-бензинец и електричен мотор кои заедно ќе произведуваат најмалку 750 ks.