За прв пат, Xiaomi е најпродаваниот телефон во Европа.
Кинескиот гигант Xiaomi продолжува да расте, и во производството и во продажбата.
Тие неодамна го престигнаа Apple и станаа втор најпродаван бренд во светот, а сега се најпродавани во Европа, за прв пат.
„Strategy Analytics“ објави дека го престигнале „Самсунг“ во вториот квартал и продале 12,7 милиони мобилни телефони во Европа во вториот квартал. Тоа е скок од 67,1%.
Samsung падна за 7% и продаде 12 милиони, па Xiaomi сега е пред него. Apple, исто така, забележа раст од 12,7%, најмногу благодарение на моделот iPhone 12.
Xiaomi е најпродаван во Русија, Украина, Шпанија и Италија.