Селото Алгар во близина на Кадиз на југот на Шпанија, побара традицијата на вечерни разговори на отворено, што се практикува низ целата земја во текот на летото, да биде вклучена во листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Животот е премногу краток за да се троши на социјалните медиуми. Како што рече градоначалникот на Алгар, Хозе Карлос Санчез, целта е да се воспостави вековен обичај, кога дневната топлина почнува да се намалува, на улица се вадат столчиња за да се зборува за „заштита од заканите на социјалните мрежи и телевизија “.
- Ова е спротивно од социјалните медиуми. Тоа е разговор лице в лице, рече Санчез, кој неодамна достави извештај до УНЕСКО. Тој додаде дека вечерните муабети не се како порано.
Тој тврди дека традиционалните разговори на отворено носат бројни придобивки, како што се заштеда на енергија, бидејќи луѓето ги исклучуваат клима уредите неколку часа, но и психички се релаксираат.
Околу 1.400 жители на Алгар ја поздравија иницијативата на градоначалникот со одобрување.
- Досега не сум слушнал никаква критика, сите коментари беа многу позитивни, рече Санчез.
Во меѓувреме, неговата мисија го привлече вниманието на јавноста, а медиумите низ целата земја известуваа за мало село лоцирано помеѓу два природни паркови во јужна Шпанија.
- Слушнаа за Алгар во Мадрид, во Барселона исто така, како и во многу други региони. Така обезбедивме публицитет за нашата општина “, посочи Санчез.