Алтернативната употреба на млекото може да биде токму она што ви треба за вашето тело или за вашата коса, па дури и да ви помогне во секојдневните обврски. Во продолжение прочитајте за што може да го употребите млекото.
1. Користете млеко ако ве печат очите
Чистењето и плакнењето на очите со млеко може да ви изгледа невозможно, но може да го смири иритираното око. Очите може да почнат да ви лутат од чили пиперки и тие предизвикаат чувство на печење, но обидот да ги измиете очите со вода може уште повеќе да ја влоши ситуацијата.
Наместо тоа, користете млеко. Прво, измијте го лицето со млеко, со затворени очи. Следно, можете да ги исплакнете очите со млеко.
2. Користете млеко како ѓубриво
Млекото се користело како ѓубриво затоа што помага при раст на растенијата, го спречува недостатокот на калциум и се бори против мувлата. Исто така, може да го спречи растението да се разболи.
Истурете млеко околу растението за да можат корените полека да го апсорбираат или ставете шише со млеко наопаку во почвата. Сепак, запомнете дека не треба да го мешате млекото со други ѓубрива. Ако хемикалиите се мешаат со млекото, тие всушност може да се спротивстават на придобивките од млекото.
3. Можете да ја исправите косата со млеко
Нанесувањето млеко на вашата коса не само што ќе ѝ помогне да расте и ќе ја направи сјајна и поцврста, туку ќе помогне и во исправувањето. Потребни ви се чешел, шише со прскалка и 80 милилитри млеко.
Откако ќе го наполните шишето, започнете со прскање, триење и чешлање на косата. Оставете го млекото да се впие во косата, а потоа исплакнете го за да нема лош мирис подоцна. Ова може да помогне кај брановидна коса, но нема да ви помогне да ја исправите кадравата коса.
4. Можете да направите боја со млеко
Млекото е главната состојка во правењето боја затоа што функционира како врзивно средство за пигменти. Всушност, млечната боја се користела во антички Египет. Другите состојки што ви се потребни за да направите ваков вид боја се лимон, сито, газа и акрилна боја или сув пигмент.
Но, треба да ја нанесете бојата брзо за да не се расипе. Киселиот мирис на ѕидовите ќе исчезне откако ќе се исуши.
5. Користете млеко за да ја отстраните шминката
Млекото не е добро само за вашата коса, туку и за вашата кожа. Наместо да користите хемиски производи за отстранување шминка, користете млеко. Нанесете малку млеко на лицето и потоа избришете го со памукче. Дополнителната придобивка е тоа што протеините и мастите во млекото можат да ѝ помогнат на вашата кожа да остане хидрирана помагајќи ѝ да ја задржи влажноста.
6. Можете да користите млеко за да го намалите воспалението од убод од инсекти
Протеинот во млекото ќе ѝ помогне на кожата да се смири по убодот од комарец. Но, не користете само млеко. Измешајте го со вода, натопете марамче и нанесете го на воспалената кожа. Истата мешавина може да се користи и за изгореници од сонце.
7. Користете млеко за чистење
Без разлика дали треба да ја исчистите вашата кожена чанта, кожениот кауч или кожените чевли, млекото може да ви помогне при отстранувањето дамки и гребнатинки. Освен што е евтин раствор, млекото не ги отстранува природните масла од материјалот. Меѓутоа, откако ќе го избришете извалканато место, исчистите ја таа област со друга крпа за да го отстраните вишокот млеко и да го избегнете мирисот на расипано млеко.
Извор: kafepauza.mk