Правило број еден во квалитетната комуникација е слушањето. Би било најразумно при секој разговор, најпрво да го сослушаме соговорникот, а потоа да го започнеме разговорот.
Избегнувајте прерано расудување и осудување
Да стекнете слика за некоја личност од првиот разговор, е многу честа појава. Пред да заклучите нешто, добро анализирајте.
Детектив во разговорот
Ако можете, подгответе се за разговор со вашиот соговорник за темата која треба да разговарате. Истражувајте на интернет.
Без предрасуди
Многу луѓе имаат предрасуди за одреден тип на соговорници. На пример, ако вашиот соговорник е друга политичка партија, не значи дека нема да можете да разговарете со него.
Читањето ве спасува од непријатна ситуација
Да знаете кога да замолчите е златно правило во комуникацијата. Некои луѓе не сакаат да разговараат, особено во ограничени околности како воз, авион, јавен превоз. За да не се досадувате, секогаш имајте некоја книга или весник при рака.
Весниците ќе ви донесат неколку теми
Останете информирани. Ако бидете запознаени со актуелните настани, ќе имате и доволно теми за разговор . Темите не мора да бидат тешки, ниту бараат од вас некаква експертиза.
Прилика, а не мачење
Пробајте да научите нешто од секое познанство. Новите познанства даваат нови перспективи. Може да го проширите вашето знаење за други култури, и на тој начин да станете забавен соговорник.