Работниот ден поминат во канцеларија не бара премногу физичка активност, но сепак, го исцрпува човековиот организам. Исполнувајќи ги секојдневно работните обврски често забораваме на многу важните услови за работа , кои можат многу да влијаат на нашата продуктивност и квалитетот на извршената работа.
Трепкање
Сигурно не сте ни свесни за фактот дека кога се зголемува времето поминато на работа, се почесто имате потреба да ги триете сувите и надразнети очи. За да ги навлажните природно потребно е редовно да трепкате. Концентрирајќи се на работата најчесто заборавате на оваа активност која е од голема корист за здрави и одморени очи.
Хидратација
Организмот без вода не функционира, но општо е позната и ситуацијата дека поради недостиг на вода ќе патите и од главоболки. На вашата работна површина ставете чаша вода, таа да ви биде при рака и редовно пијте од неа. Телото ќе ви биде повеќе од благодарно.
Држење на телото
Обезбедете си удобен и ергономски стол кој ќе ви обезбеди правилно држење на телото додека седите. Со правилната положба на телото ќе си обезбедите 30 проценти повеќе кислород и на тој начин ќе си обезбедите поголемо количество на енергија во текот на денот.
Проветрување на просторот
Секој, без оглед на надворешните временски услови, ја проветрува својата канцеларија. Циркулацијата на воздухот во канцеларијата е од особена важност, а понекогаш доаѓа и како средство за будење доколку на работа сте западнале во монотонија.
Прошетка
Не си дозволувајте да ви помине работниот ден без да се прошетате во канцеларијата. Излезете во ходникот, направете неколку чекори или направете неколку лесни вежби за да ја подобрите циркулацијата.