Ергофобијата претставува ирационален страв од работа и одговорност. Лицето кое пати од ова нарушување смета дека не може да успее во деловниот свет, дека е осудено на неуспех и дека е неспособно да ги извршува своите обврски.
Ергофобијата е дел од нарушувањето на социјалната анксиозност, а тоа значи дека е поврзана со ирационален страв од социјалните ситуации. Исто така може да се појави и при други фобии и ментални проблеми. Најголем проблем е тоа што лицата кои го имаат ова нарушување, често не можат да побараат помош, бидејќи немаа доволно финансиски средства за било каква терапија.
Што ја предизвикува Ергофобијата?
- Стравот од вработување може да влијае на два вида на луѓе – на оние кои веќе биле вработени или на оние кои никогаш претходно не работеле. Постојат многу можни предизвикувачи на ергофобија:
- Страв од одбивање – лицата кои претходно работеле можеби добиле отказ кога не очекувале, што довело до нивен страв од повторно одбивање и трајна ергофобија;
- Лекови, нарушувања на сонот или стрес – заморот е честа нуспојава на многу лекови кои се препишуваат за депресија, со тоа таквата ситуација на замор, несоница и стрес е еден маѓепсан круг кој создава ергофобија; многу е можно дека лицето за својата фобија да барало лекови против анксиозност кои само го зголемиле стравот;
- Трауматско искуство – повреда при работа или било каква незгодна ситуација поврзана со работата (вознемирување, малтретирање или мобинг од страна на работниците, ограбување или некое друго злосторство на работното место итн.) можат да доведат до посттрауматски стрес, а сето тоа може да предизвика ергофобија;
Симптоми на ергофобијата
Постојат многу луѓе на кои наутро навистина не им се станува од топлиот кревет за да одат на работа, но во случајот на ергофобијата, лицето пати од многу сериозен проблем од одење на работа. Дури и самата помисла на работа доволна да предизвика напад на паника.
Најчести симптоми на ергофобија вклучуваат: страв од работа, одговорност и извршување на задачи, страв од нова работа, страв од грешки на работа, страв од новото работно место, избегнување на одење на работа, стрес поради работа, чувство на вртоглавица и мачнина, препотување и нелагодност, неможност за опшување на својата состојба, појава на тага и депресија, честа потреба за бегање од моменталната ситуација и барање на смисла, употреба на алкохол и дрога, употреба на лекови и претерано размислување за смртта.
Екстремната ергофобија доведува до избегнување на работа по неколку денови, што на крајот доведува до потполно престанување со работа или добивање на отказ. Тоа дополнително го зголемува стравот од повторно вработување.
Последици на ергофобијата
Постојат уште многу дополнителни компликации кои можат да се појават како последица на ергофобијата, како што се: развод, семејни проблеми, финансиски долгови, занемерување на здравјето и хигиената, неможност за одржување на блиски односи.
Во краен случај, лицето може да изгуби се што поседува и да заврши на улица ако нема никој кој би можел да му помогне и да го разбере.
Лекување на ергофобијата
Поголемиот дел од луѓето со текот на времето ги препознаваат симптомите и сфаќаат дека имаат проблем. Иако не постои специфичен лек за ова нарушување, помошта од страна на психотерапевт може многу да придонес во превладување на стравот.
Психотерапијата, советувањето за работа, за да се пронајдат други интереси, како и некои техники за самопомош и осолободување од стресот (вежби за мусклулна релаксација, методи на длабоко дишење) можат да им помогнат на лицата кои патат од ова нарушување. Уште едно можно решение е размислувањето за започнување на сопствен бизнис или барање на работа која може да се работи од дома.