Кијану Ривс одлучи да го награди тимот каскадери во филмот „John Wick: Chapter 4“ со тоа што им подари Rolex часовници вредни по 10.000 долари.
Ривс ги однел на вечера каскадерите Брус Ли Консепсион, Џереми Маринас, Дејв Камарило и Ли Кианг и им подарил часовници. На овој начин ја прославиле последната клапа од филмот.
Тој избра серија на Rolexs што беше претставена во септември 2020 година, во која еден примерок вреди 10.074 долари. На секој рачен часвник е изгравирана посебна посвета за каскадерите: „Петорката на Џон Вик“ и „Ти благодарам, Киану, JW4, 2021“.
Четворицата каскадери споделија фотографии од часовниците на своите социјални мрежи, опишувајќи го снимањето и дружењето со Ривс како едно од најпосебните искуства во нивниот живот.