За да се заштитите од љубопитните луѓе, најдобро е да ставите лозинка на вашиот профил на Viber за десктоп.
Пред употреба на Viber за десктоп, особено ако користите еден лаптоп со повеќе луѓе, се препорачува најпрвин да го заштитите налогот.
Како да го направите тоа?
Кликнете на More – Set a Viber Screen Lock.
Да се потсетиме, од неодамна е активирана опцијата за пораки кои исчезнуваат во групните разговори. Оваа опција функционираше уште од јуни 2020 година но за индивидуални разговори.