На сите нам ни е добро познато дека кога сме физички активни во текот на денот, можеме полесно да заспиеме навечер. Едно ново истражување се фокусирало токму на оваа врска помеѓу квалитетот на сонот и физичкиот напор. Авторите на студијата сакале да откријат кое е најидеалното време за вежбање во вечерните часови.
Истражувањето било спроведено од страна на научници на канадскиот универзитет Конкордија. Учесниците кои биле дел од експериментите, биле претежно помлади и средовечни луѓе, а биле земени предвид нивниот начин на живот, здравствената состојба и физичката форма.
„Сè на сè, нашата анализа покажа дека кај луѓето кои го завршуваат својот тренинг два часа пред спиење се забележува подобрување на квалитетот на сонот“, изјави водечкиот автор на студијата, Емануел Фримпонг, додавајќи: „Од друга страна, на учесниците кои одеа на спиење помалку од два часа по завршување на тренингот, им требаше повеќе време да заспијат, а и нивниот сон траеше пократко“.
Истражувачите откриле и дека возењето велосипед може да биде корисен вид на рекреација, бидејќи луѓето кои се занимаваат со оваа активност имаат поцврст сон. Покрај тоа, научниците откриле и дека интензивните тренинзи кои траат од 30 до 60 минути исто така можат да придонесат за добар сон. Нивниот заклучок е: