Живееме во време каде што модерно е да се биде постојано зафатен и да се брза од еден до друг крај, од еден до друг проект. Постојано ги проверуваме нашите мобилни телефони, а нашите сетила постојано се на штрек. Скоро се чувствуваме погрешно ако не сме постојано достапни за секого.
Но, прифаќањето на таквите митови може да го уништи нашето физичко и ментално здравје. Покрај тоа, има ситуации во кои не е повеќе од потребно да се прави ништо за да можеме да станеме и да продолжиме понатаму.
1. Сте доживеале “прегорување” на работното место
Една од најчестите современи тегоби на вработените е т.н. “прегорување”.Тоа го означува прогресивното губење на идеализмот, енергијата и значeњето на сопствената работа како резултат на фрустрација и стрес на работното место и може да биде поврзано со појава на симптоми на анксиозност и депресија кај работниците.
Овие фактори се резултат на несоодветните барања на работната средина, кои не се во согласност со можностите на вработените. Пред 20 години, Светската здравствена организација го прогласи стресот на работното место за глобална епидемија, а оттогаш тој се зголеми уште повеќе поради продлабочувањето на светската криза и невработеноста.
Но, кога ќе препознаете во себе дека повеќе не можете, дека сте хронично уморни, вознемирени и дека самата помисла на работата ви предизвикува мачнина, треба да престанете. Ако не можете да земете неколку слободни денови, обидете се да се држите подалеку од размислување за работата што е можно повеќе после работното време. Работата може еден ден да исчезне и да биде заменета со друга, но вашето здравје не може да се замени.
2. Разделбата е тешка, но се случува со причина
Раскинувањето е едно од најтрауматичните искуства што луѓето можат да ги имаат, без разлика дали се работи за формален развод или не. Тоа е период во кој ни се чини дека животот ни застанал, што особено доаѓа до израз кога не бевме ние оние кои ја прекинаа врската. Сосема е нормално и важно да си дозволиме да тагуваме поради загубата на таа врска.
Сепак, наместо да трошиме премногу време на тагување, подобро ќе ја трошиме енергијата ако го искористиме времето за да видиме што всушност се случувало во таа врска. И токму затоа ви треба одмор и „мрзеливост“.
Ако само продолжиме да брзаме низ животот, без да ги преиспитаме емоциите, тие ќе стигнат до тој степен што ќе направат вистински хаос.
3. Сте изгубиле сакана личност
Тагата е природен одговор на загубата, емоционално страдање што се случува кога ќе изгубиме некој што го сакаме. Колку е позначајна загубата, толку е поголема тагата и таа има неколку фази. Тоа се негирање, лутина, депресија, прифаќање, прилагодување на ситуацијата. Тие не мора да се појавуваат по овој редослед и да траат различно за секој човек. Но, треба да си дозволите да го почувствувате сето ова и да не се присилувате да се обидувате да се окупирате со надворешни фактори.
4. Завршивте важен проект
Времето во кое едноставно не правиме ништо не е нужно поврзано со трауматски животни настани. Тоа време го заслужуваме за многу побенигни работи, на пример, кога ќе завршиме важен проект во кој сме вложиле многу труд и енергија.
Откако ќе ги видиме плодовите на нашиот труд, многу е во ред да се опуштиме, да прославиме со пријателите и едноставно да лежиме на каучот со серии или филмови или да се прошетаме во природа. Треба да ги славиме нашите победи и да се опуштиме по нив.
5. Немате желба за иницијатива
Од време на време, за да се спречи прекумерното акумулирање на стрес и да се зачува и физичкото и менталното здравје, не е потребно ништо да се прави.
Во ред е да поминете празници или одмори без да правите ништо. Не мора секоја минута од секој ден да биде исполнета со настани. Понекогаш сé што ви треба е ќебе и одмор.