Шест купувачи и 25 вработени во ИКЕА мораа да ја поминат ноќта на кревети и софи во продавницата за мебел поради обилните снежни врнежи во Данска вчеравечер, јави данскиот радиодифузен сервис.
На фотографиите во продавницата околу градот Алборг, се гледаат заглавените луѓе како седат заедно и пијат пиво или кафе, додека гледаат фудбал.
„Сите беа мили, а ние всушност само се смеевме на ситуацијата затоа што веројатно нема да ја доживееме повторно“, изјави купувачот Мишел Барет.
Големи делови на Данска, вклучително и главниот град Копенхаген се соочуваат со сообраќајни проблеми, проблеми со железничкиот сообраќај и привремени прекини на струја поради снежното невреме. На аеродромот во Алборг, околу 300 луѓе мораа да чекаат преку ноќ поради невремето Исто така, проблеми во текот на ноќта имаше и на други места во државата.