Еви Керик професионално се занимава со пишување на патописи, поточно, патува и пишува, што за многумина е остварување на сонот во кариерата.
Јапонија
Вели дека ова место постојано ве „зачудува“ со нешто. „Пласитичната храна изгледа како вистинска, продавниците на повеќе нивоа се полни со бизарни производи, за кои не сте знаеле дека ви се потребни… Никогаш не сум посетила место кое делува така туѓо, а сепак, е потполно модерно, развиено и комфорно (веројатно повеќе од САД)“, раскажува Керик.
Франција
„Да бидам искрена, не сакав да ја сакам Франција. Тоа е типично американско клише: да се сака Париз е се што е француско“, вели писателката, додавајќи дека, сепак и покрај опирањето – лудо се заљубила во оваа земја уште кога ја посетила првиот пат. Дури и живеела во Франција околу една година. Таму, вели, владее мир без брзање и принципот joie de vivre, уживање во животот.
Французите веруваат дека животот служи за уживање, па „зошто да не се запали уште една цигира или да се нарача тарт од јаболка за појадок“. Или уште подобро, „зошто да не го поминете денот излежувајќи се во парк со шише вино?“. Керик додава дека вистинското задоволство се пецивата, сирењето и колачите со глазура, но и кафето, необичните приморски села, театрите и музеите, Алпите, француската ривиера…
Јордан
Не верувала дека ќе и се допадне оваа блискоисточна држава, но сепак, после еден месец престој – „се заљубила во Јордан до уши“. Го посетила главниот град, во текот на Рамазан. Навечер улиците и рестораните оживеале додека семејствата се собирале и се спремале за екстравагантен, заеднички оброк. „Тоа беше посебно искуство“, додава таа. „Иако луѓето во текот на денот сигурно беа многу гласни, навистина почувстував гостопримство. Се потрудија да се чувствувам добредојдено, а трговците ме повикаа да разговараме и да пиеме кафе. Природаната убавина на Јордан е волшебно убава“, вели и истакнува дека камилите се главно средство за превоз, додека урмите на Јордан „не се од овој свет“.
Индија
„Патниците обично или ја сакаат или ја мразат Индија“, вели, „бидејќи може да биде комплицирано место за туристи“, во смисла на измамници, луѓе кои ве гледаат и валканите улици. Но, Керик смета дека оваа земја воедно ги отвора вашите сетила и умот. Вели дека жителите се срдечни и љубезни, а посебна атракција е храната.
Шведска
„Поминав малку време во Шведска и од тогаш сакам да и се вратам. Се чувствував речиси утописки: татковците ги туркаат количките, додека пијат капучино, улиците се чисти и тихи и сите изгледаат среќно“, раскажува Еви Керик, додавајќи дека во Шведска секој родител има правно на осум месеци платено отсуство поради грижа за децата. Врвот на нејзиното патување била храната – пица, коктели, веганска храна, вино.
Доминика
„Како што можете да заклучите по оваа листа, јас не сум личност од големи тропски острови. Но сепак, Доминика не е типична островска дестинација (напомена: Доминика често се меша со Доминикансата Република, но се целосно различни), вели оваа Американка.
Доминика е мала, независна нација со најимпресивните природни чуда, додава таа. Од подножјето на водопадите извирааат топли извори, џунглата е дива и нескротлива, а карпестиот брег е прошаран со плажи на кои има црн песок; планините се огромни и импресивни, а гнурењето е феноменлално искуство. Во текот на престојот на оваа земја, била сместена во колиба направена од бамбус и се бањала во жешки базени.
Лаос
Во „сендвичот“ помеѓу Тајланд и Вијетнам се наоѓа Лаос, земја во облик на палма, која патниците чето ја занемеруваат. „Јас само еднаш го имам посетено Лаос, но сонувам да се вратам таму“, вели Керик, додавајќи дека трошоците за живот се мали, што значи дека се, од сместувањето до спа третманите и храната е пристапно. Исто така, нема голем број на туристи како соседните нации.
Гватемала
„Кога ќе помислам на Гватемала, ме асоцира на боја: светло – сино небо, текстил во сите нијанси, пастелни згради и топли луѓе. За да потполно го стекнете ова чувство, одите на пазар, каде ќе најдете продавачи кои продаваат рачно ткаени простирки“, вели Еви. Оваа земја има песочни карипски плажи, вулкани, џиновски езера и места за сурфање на пацфичкиот брег, па поради сето ова е идеална за дигиталните номади кои не сакаат зима и ладно време и сонуваат да работат од плажа.