Фотографиите моментално се подредени според она што најчесто го гледа корисникот, така што алгоритам заснован на тие интереси прави редослед што понекогаш нема смисла.
Начинот на прикажување се смени во 2016 година и веднаш предизвика незадоволство кај оние кои сакаат јасен, хронолошки редослед.
Instagram моментално користи ВИ систем кој е одговорен за она што се смета за „персонализиран feed“, но методот и понатаму е непопуларен кај голем број корисници до ден-денес. Се случува содржините на едни исти креатори да бидат често на врвот, кои корисникот ги лајкува и на тој начин влегува во маѓепсаниот круг. Хронолошки подредениот feed може да го реши овој проблем, бидејќи основниот параметар за прикажување ќе биде времето кога е објавена објавата.
Директорот на одделот за Instagram, зборуваше и за промените кои ги очекуваат корисниците. Покрај промените во feed-от, се разговараше и за безбедноста на децата на оваа социјална мрежа. Мосери предложи да се формира комисија која ќе се занимава со безбедноста на најмладите и ќе определи како треба да се управува со нивните податоци.
Instagram неодамна ја претстави функцијата Take a Break, која треба да го ограничи времето поминато на интернет. Се подготвуваат уште родителски алатки, но сенаторите тврдат дека тоа не е доволно, бидејќи социјалните мрежи веќе создаваат зависност кај најмладите.